ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ, ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ, ФУДБАЛ…

Летни подготовки, сите на едно место

Немаме професионални спортисти во градов, но затоа имаме многу аматери и рекреативци. Секое попладне е милина да се гледа како се подготвуваат на Могила, особено на Спортскиот центар. Речиси нема ни метар слободно место, сé е пополнето.

Некои само одат и вртат кругови, други трчаат и мерат време. Трети фрлаат ѓуле. Пензионерите, подготвувајќи се за натпревари, влечат јаже. Има место и за фудбалери и фудбалерки. Претежно се малите деца од школите и не зафаќаат многу простор. Вежбаат елементи со топка и други реквизити.

Има и каратисти. Тие често велат дека се најсилните, физички, при трчање се споредуваат со останатите. Тука неизбежни се ракометните екипи, женски, машки, младински. Тие ја одработуваат кондициската фаза, а после се префрлаат 10 метри подалеку, во салата.

Loading