ДАУТОВСКИ ЌЕ СВИРИ НА ТРЕСКАВЕЦ

За празникот Успение на Пресвета Богородица

“Музичко тихување” е настанот што ќе се одржи в понеделник,  27 август, вечерта во очи големиот празник Успение на Пресвета Богородица, во манастирскиот комплекс Трескавец. Ќе настапат вирутуозот на народни инструменти Драган Даутовски, кој ќе свири на 6000 години старата окарина и ансамблот за византиско пеење “Пелагонитиса”, под раководство на Гоце Секулоски.

– Настанот е со наслов “Во Хармонија со себе, Бога, просторот”. Многу сум благодарен што ќе се вратиме со музиката на простор, исполенет со духовност, со чиста мисла. Се надевам дека ќе дојдат добри луѓе, кои ќе бидат на колективното музичко молитвење, наспроти Успение на Пресвета Богородица – изјави Драган Даутовски.

“Музичкото тихување” ќе започне со вечерната богослужба в понеделник од 18 часот, а потоа ќе пее ансамблот “Пелагонитиса”. Даутоски ќе свири од 20 часот.

– Восхитен сум од идејата и поканата да свирам во манастирот со долга историја и впечатливо културно обележје. Ќе се состават уметноста и духот – додаде тој.

За Гоце Секулоски, раководител на ансамблот “Пелагонитиса” природно е на овој простор да има заедничка синергија за празникот.

Домаќини за празникот, на 28 авуст, кога ќе стартува градбата на патот за Трескавец, долг 7,5 километри, се градоначалникот Марјан Ристески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.      

Loading