Корзо
Екипата на Корзо загуби двапати на стартот од втората лига. Дебитантот ги препушти бодовите, прво дома на Миравци (0-1), после на гости во Новаци (0-2). Има грешки, слабости во сите линии, но се чини најголем проблем е нападот. Во 180 минути игра не е постигнат гол, ниту упатен опасен удар. Попусто создадени беа доста шанси, без завршница.
Играта поставена од Горан Тодоровски е сосема во ред, имајќи предвид дека се работи за млад состав. Успеваат да комбинираат со топката, имаат посед, но сé е попусто, кога силата се губи пред противничкиот шеснаесетник.
Третата среќа за Корзо е в сабота (17 ч.), кога дома се оди на сé или ништо против силниот тим на Маџари.