ЖРТВА НА ЛЕНИШКИ МОСТ

Едно лице загина и едно беше повредено во судир на камион и Фиат Пунто на патот Прилеп – Градско кај местото Ленишки Мост. Пожарникарите веднаш ја извадија повредената, а брзата помош ја пренесе на третман во Болницата. За жртвата немало спас, бидејќи подлегнала на повредите на место.

Жртвата била жена од 80 години од Скопје, која била мајка на жената – возач на Пунтото со скопски таблици.

Истражните органи ги испитуваат причините за несреќата.  

Loading