Истражниот судија го притвори сограѓанинот Г.Н. (50) оти во дворот зад зградата во старата чаршија одгледувал 131 стебло марихуана со висина од 1 до 2,3 метри.
Според МВР, осомничениот пред два месеца засадил канабис сатива во дворното место на зградата.
– Секое утро влегувал во дворот преку заклучената врата за која имал клуч само тој. Ги наводнувал растенијата со вода од чешмата во дворот, а неретко ги вадел и со кофи и пластични шишиња од терасата на станот во станбениот објект каде живеел. Кога стеблата израснале, ги берел ливчињата и ги подготвувал за продажба – вели портпаролот на СВР Битола Ѓоко Стрезовски
Полицијата го пронашла цревото со кое ги наводнувал стеблата.