“СТРАВОВИ” ОД МЕЛВИЛ ВО ИЗДАНИЕ НА ЗЕНИТ

Романот “Стравови” е најновото дело од прилепскиот автор Даниел Мелвил, издаден од неделникот Зенит. Книгата е интересно дело кое е наменето за пошироката читачка јавност. Во книгата се испреплетуваат повеќе жанрови и има плејада на ликови кои читателот ќе го “заковаат” за романот додека не ја прочита последната страница. Одличен склоп за акција, трилер и суспенс, кој преку главниот лик нé води до неизвесниот финиш.

Промоцијата ќе биде во септември.

Досега Зенит беше издавач на четири книги, првата беше “Миговна бројаница” од Васе Митреска, “Изменет предел” од Благоја Јованоски и “Сеќавања до деветтата” и “Јазичен агол” од постојаниот соработник Благоја Ивчески.

Loading