Поетско Маркукуле, по шестипат ги збра поетите, музичарите, сликарите. Заради неповолните временски услови мултимедијалната манифестација не се одржа на автентичниот простор, на Тронот кај Слонот, туку во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Тоа ни најмалку не го намали значењето, а учествуваа околу 50 учесници.
Поетите од Прилеп, Македонија, од странство ги ,,излеаа,, своите стихови, музичарите запеаа и засвирија, додека сликарите ја овековечија средбата.
– Поетско Маркукуле ја постигна целта. На едно место собра активни творци од различни генерации од 7 до 77 години – велат од Библиотеката.
Беше промовиран и зборникот од Поетско Маркукуле 2011, во кој се објавени стихови од 50 автори, кои учествуваа на ланската манифестација.