Ристо Цоле

1879-1905

 

На Велигден денот во Подмол село

Ристе Цоце со кулето Кено

Лопатичка Река извршија дело

Го убија таму Муса Ѕверо

 

Си остави Ристе невеста Рада

Браќа со внуци, тате и мама

Комита појде по планини шета

Со лошите луѓе да се пресмета.

 

Од Станбол Царот награда прати,

За педесет лири тој да се фати,

Пред Кадија Ристе да се испрати,

Делото што го сторил да се плати.

 

За куќна слава Свети Ѓорѓија денот,

Дома си дојде збогум си зеде

Во Кокре ќе оди кај Митре Ќосе,

Со аскерот таму борби да води,

Сардисан Шаќир да го ослободи.

 

Во Бонче дојде во ноќта глува,

Од снегот влажен обувки суви да си преобува.

Го продолжи патот до Кокре да оди,

Низ Бонче него аскерот го следи.

 

Со четата Ристе в кула се враќа

На прозори по двајца заклони фаќа,

Аскерот на нишан нив му доаѓа,

Од аскерот тука многу убиени паѓаат.

 

Аскерот в кула влегува со сила,

Во кошот со жито Ристе го бара,

Од пиштолов истрел еден паѓа,

Со вториот истрел сам се погаѓа,

Не сака Ристе пред аскер жив да поаѓа.

 

Томе Вељаноски

од селото Марул,

кој сега живее во Шведска

Loading