Пес ја чува магарицата, врзана со жица да не го заземе некој узурпираното место за паркирање пред фабриката Пролукс. Некому му текнало да стави магарица за сечење дрва на државниот тротоар и да го присвои местото. Не се знае дали песот се најде случајно или беше некое од фабричките кучиња. Сепак окупирањето на просторот е направено толку вулгарно, што боди очи не само импровизацијата, туку предизвикува чудење обемот на дрскоста. Не разбравме дали просторот, ограден со ортомисаната магарица, врзана за уличната светилка се чувал за автомобилите на “големите” на фирмата. Тоа не изгледа логично, зашто Пролукс располага со огромен фабрички двор да се паркираат десетици автомобили.
Како и да е, присвојувањето на дел од пешачката зона ич не изгледа во дослух со законот, уште помалку со етиката. Менталитетот – “што е пред мене – е мое” – одамна замина во историјата. Некои луѓе уште се далеку од сегашноста, а саатот им врти само во минатото.