Златен накит, 20.000 денари, 3.000 евра и 50 долари, крадец украл од куќата на пензионерот Д.В. (65) на улицата “Браќа Ламески”. Арамијата, со погоден предмет ја отворил вратата додека домаќините не биле дома, влегол во куќата, го одзел пленот, вреден околу 360 илјади денари, и избегал.
Полицијата трага по сторителот.