ПАДНАТИ ШОРЦЕВИ

На фудбалскиот меч 11 Октомври – Новаци

Колку голови на фудбалскиот меч 11 Октомври – Новаци 1-1, толку црвени картони, дури и – паднати шорцеви. Судијата Дејан Јакимовски од Скопје двапати испраќаше предвреме в соблекувална. Прво му покажа втор жолт на Благојче Радевски од Новаци, после на домашниот капитен Дејан Кулески. Пред крајот гостите беа во брза контра, а Благојче Ристевски имаше отворен пат кон голот. Кулески немаше друго, со фаул спречи погодок и заработи директен црвен. Притоа, гостинскиот напаѓач остана по гаќи, бидејќи во тој дуел се испреврти и лабаво врзаните шорцеви му паднаа до копачки.

Повозрасните гледачи се потсетија на некогашниот голгетер на Победа, брзиот Ристо Глигороски, кој 1976 година, на дуелот со Јединство Бијело Поље (8-1) ги претрчал сите, го минал и голманот, кој во немоќ го тргал за шорцеви и Ристо ем дал гол, ем останал – гол.

Loading