ОГРАБЕН СОПСТВЕНИКОТ НА “МИРАЖ”

Полицијата го приведе прилепчанецот И.Б (38), оти го товари за кражба на околу 300 илјади денари.

Според МВР, И.Б. украл 4500 евра, 19.000 денари, 2 шишиња коњак и 2 шишиња виски од кафе барот “Мираж”, сопственост на Л.К.(40) од Прилеп, додека сопственикот спиел. Арамијата, со туркање, ја отворил вратата, влегол во кафе барот, ги одзел парите и алкохолот и заминал во непознат правец.

Loading