МАГИЧНАТА ИСТРА

Порто Колоне е најголемо откриено археолошко место со диносауруси во Европа

Виното се пробува од специјалните одлежани сокови од грозје, правени по стара техника

Истра на хрватското приморје веднаш можете да ја споредите со италијанската Тоска, а наликува и на француската ривиера. Меѓутоа, кога ќе ја видите темелно, ќе сфатите дека не може да се споредува со ниеден регион, затоа што сама по себе е посебна.

Истра е најголемиот Јадрански полуостров со површина од 2820 км2, и најголем дел е со асфалтирани патишта. Преполна е со мали островчиња.

Брегот во лето е полн со туристи. Се нудат разновидни содржини и за најмлади и за млади, па и за оние повозрасните посетители. Сите збиднувања се случуваат во лето – концерти, перформанси, театри, филмски, музички и гастрономски фестивали. Диско клубовите и летните тераси ги отвораат своите врати, но факт е дека младите бараат забава плус.

Истра не е големо место. Каде и да сте сместени, релативно брзо ќе стигнете до секое одредиште. Се советува избегнување на патување за време на метеж кон Пула. Гужвите се околу три часот попладне, кога се создаваат тесни грла на патиштата.

Најдобро сместување во внатрешноста

Што се однесува до сместувањето на Истра, на располагање се многу хотели и приватно сместување, вили и апартмани. Камповите се сместени на крајбрежјето. Во понудата има и куќи со базени, а цените се разликуваат во најголем број случаи. Сместувањето во внатрешноста е најдобро и најповолно решение.

Доколку температурата не се спушти значително, а има ретки летни дождови, можете да се капите во морето во потполн мир. Градовите не се големи и може релативно брзо да се разгледаат, а добро е да се тргнете од сонцето за време на вртоглавите летни температури.

Порто Колоне е најголемо откриено археолошко место со диносауруси во Европа, па траги од стапалки на диносауруси се наоѓаат ширум Истра. Најдобри излетнички места се Националниот парк Бриони, ÄРт Камењак, Слапот Сопот, напуштениот град Двиград, Медулинскиот архипелаг и многу други. Има што да видат и љубителите на историјата. Почнувајќи од 3 000 годишниот град Пула, храмот на Август, Златните Порти и други добро зачувани споменици од минатото ќе ве остават без здив. Истарските гратчиња се мнозинство средновековни. Се наоѓаат на скоро секој поголем рид. Маѓепсуваат со својата симпатичност, малите камени улици и успореното животно темпо. Секое гратче нуди прекрасен поглед на околината.

Гастрономската понуда се темели на некогашното сиромаштво со храна. Рецептите се прилагодени на секое непце. Воодушеваат приготвените манештри, њјоки, фужи, истарската пршута и распламтените тартуфи кои од одамна со сигурност се голем афродизијак. Виното е посебност. Може да се проба од специјалните одлежани сокови од грозје, правени по стара техника, кои се исклучително здрави, затоа што не содржат вештачки додатоци. Рибните ресторани се места кои не смеат да се избегнат.      

Нуркање – доживување

Ќе останете затечени од раскошното изобилно зеленило. Особено нејзината внатрешност, која пружа поглед на питом крајолик, мали лозја и зелени дворчиња околу куќите.

Спортови на вода има од секаков вид, и нема да згрешите ако со себе земете костим за сурфање, нуркање или за возење со џет скии. Истра е позната и по бројните пристаништа – марини, со многу јахти. Ако имате една, ќе се чувствувате како дома. Ќе ве воодушеват кристалното море и прекрасните песочни плажи.  Ако сте спортски тип и се занимавате со планински велосипедизам, Истра е ваш терен. Испреплетена е со велосипедски патеки и авантуристички терени. Внатрешноста на полуостровот е идеална за екстремен моунт – бајкинг. Од градот Грачишче до слапот Сопот е најпозната патека за слалом со велосипеди. Ако сте по тенисот, нема да се разочарате. Секој град има тениски игралишта. Во пораст е и голф – туризмот.

Loading