ИСЧЕЗНАТИ!

Нема прилепчани во Прва лига

Лани 11 Октомври беше прволигаш и колку – толку тоа беше шанса фудбалерите од градов да заиграат во највисокиот ранг. По отпаѓањето, сликата драстично се менува. Речиси нема прволигашки клуб со прилепчанец!

За Вардар потпиша напаѓачот Благоја Гешоски, но на првиот меч со Работнички не настапи. Се зборуваше дека играчот за врска Владимир Петрески е регистриран за кичевски Напредок, но и него го немаше на дуелот со Ренова. Плејмејкерот Новче Ацески беше интересен за Тетекс, но од тоа ништо. Се шпекулира дека второлигашот Корзо го посакува.

Има уште двајца за кои е извесно дека ќе се појават во своите клубови. Стоперот Александар Крстески е во Дрита и се очекува деби во одбраната на Дрита, а и шпицот Илија Несторовски може да се врати во тимот на Металург.

Малубројни се прилепчаните во странство. Највисоко се тројца: Дарко Тофилоски во Словачка, Илчо Наумоски во Австрија, Зоран Даноски во Чешка.

Loading