ДОГОВОР ПО ДВЕ НЕДЕЛИ

Општински лиги

Летото е период за долг одмор на аматерските фудбалски екипи од најниските рангови. Најмногу паузираат од општинските лиги. Се чека крајот на одморите и намалување на земјоделски работи по руралните средини за младите порастоварено да се посветат на спортската игра. ОФС го утврди 16 септември за почеток на новото првенство во А и Б лигата. На 2 септември е технички состанок за запознавање со прописите. Лани првак во А – Лигата со 12 тима беше Братство од Житоше, а во Б – Лигата  меѓу седум екипи најдобар се покажа Варош електроелемент.

Најавени се нови, возобновени клубови. Сосема извесно дека ќе има проширување на Б – Лигата од ОФС Прилеп.

Loading