Бомба експлодира во дворот на директорот на затворот Д.П., ноќта меѓу петокот и саботата. Од експлозијата нема повредени, туку само ги вознемирила домаќините и соседите и предизвикала материјална штета.
Според МВР, на улицата “Ѓорги Сугаре”, непознат сторител фрлил експлозивна направа, која експлодирала, при што се оштетени фасадата на куќата и стаклата на неколку прозорци. Детонацијата направила кратер во тревникот пред куќата.
Полицијата го бара фрлачот на бомбата.