“Антиумешност” по текст на австралискиот автор Алекс Браун во режија на Саша Нацевски е новата претстава која се подготвува во ЦК. Премиерата се очекува на половината од септември.
Претставата зборува за пост-милениумската глобализација и суровата борба за успех во овој свет, кој го девалвира моралот.
– Светот живее во современо општество, а човечките односи се сведени на животинскиот инстинкт, каде љубовта е извитоперена до граница на непостоење. Овој тренд пристигна и кај нас – вели режисерот Нацевски, кој е студент на трета година режија на ФДУ во Скопје.
Играат актерите Милан Секулоски, Никола Настоски и студентите Илија Волчески, Димитрина Мицкоска и Ирена Мирческа.