СТОЈКОСКИ ПАК НА ОБУКА ВО НАТО

Во организација на Меѓусојузничката конфедерација на резервните офицери, годинава во Чешка се одржа Јазичната академија на која учествуваше резервниот капетан на АРМ, Зоран Стојкоски.

Покрај 31 резервен офицер од земји членки на НАТО и земјите претенденти за членство, на академијата учествувале старешини од Чешка, Франција, Англија, САД и Русија,

– Академијата се организира да се изучи англискиот и францускиот јазик, да се постигне повисоко ниво комуникацијата во алијансата. Стекнав сертификат за познавање на англиски јазик од втор степен, со што станувам побогат со еден светски јазик – вели Стојкоски, кој по трет пат учествува на ваков настан.

Loading