Завод и Музеј два месеца врши конзерваторско заштитни активности на новооткриените објекти на античкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово. Конзервацијата е со поддршка од 2,5 милиони денари на Министерството за култура.
– Ќе се дефинира целина за претставување на привлечна слика за посетители. Ќе се разбере дека во Стибера живееле 20 илјади жители три века пред и по Христа со раскошна култура – вели архитектот Кире Јованоски.
Конзерваторскиот процес опфаќа и делумна реконструкција на објектите.
– Заштитени се култните објекти, а се работи римскиот бедем. Конзервацијата открива и други активности – посочува Јованоски.
Досега е откриено ретко богатство, почнувајќи од Гимназионот, храмот на Божицата Тихе и над 30 скулптури и 30 мермерни натписи.