Трета лига
Денеска во 18 часот е првиот собир на третолигашите. Претставниците на клубовите имаат состанок во Росоман. Ќе произлезе точната бројка екипи за учество на претстојното првенство, предвидено за старт на 26 август. Многу зависи од желбата, но нужно е исполнување на условите, кои ги бара Лигата. Лани беа 15 тима од петте сојузи: Прилеп, Кавадарци, Велес, Валандово и Гевгелија. Градов се очекува да го претстават најмалку шест екипи: Партизан Обршани, Големо Коњари, Кадино, Млекар Мало Коњари, Младост Кривогаштани и новиот член, Братство од Житоше. Последен шампион на лигата беше Корзо.
Важно е што ФФМ и во новиот состав ја дава довербата на ОФС Прилеп да биде седиште, а лигата ќе ја води секретарот Петре Илиоски.