РК Прилеп
Завршува одморот за ракометарите на возобновениот РК Прилеп. Екипата се собира в понеделник, 13 август, во 18, 30 часот, кога прозивка ќе вршат тренерите Орде Илиески, Страшо Илиески и Ице Соколоски. Првата фаза, кондициските тренинзи, се предвидени за реализација кај Могилата, а потоа се продолжува во арената “Сонце”. Се очекува сите играчи кои беа на воведните подготовки пролетоска, да продолжат со работа. Главно се работеше за млади, надежни, но и неколкумина поискусни, кои треба да се носители на играта во Првата лига.
Првенството стартува во втората половина на септември, а состанокот на РФМ со клубовите е на 22. август, каде ќе се дефинира бројот на екипи учеснички.