Контактниот семинар во Универзитетот Бирмингем од Англија, организиран од Националната Агенција за мобилности во образованието, беше место каде што СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” се презентира пред 64 учесници од 21 земја од ЕУ.
Директорот Наталија Ацеска, една од четирите претставници на Македонија, вели дека целта била се најдат партнерски училишта од други земји на ЕУ и да се изготват проекти за мобилности и партнерство преку програмата за доживотно учење “Леонардо да Винчи”.
– Станавме партнер во три потенцијални интернационални проекти, кои ќе се подготвуваат во текот на летниот период и ќе аплицираат во Националната Агенција. Наставниците и учениците ќе ги подобрат своите вештини во ИКТ, странски јазик со директна комуникација и претприемачки вештини со формирање на виртуелни училишни компании меѓу партнерските земји – вели Ацеска.