КАМЕН НАД КАНАЛОТ

По градбата на каналот на Дабничката река, чии води влегуваат во коритото на Градската река кај автобуската станица, на слободниот простор пред половина век останал дел од градежниот материјал. Камени остатоци од градежните зафати сведочат дека просторот е канал, а пред тоа корито на реката со мало дрвено мовче. Но, и тоа исчезнало под земјата со регулацијата на водата.

Градските власти по неколку години го поддотерале местото и го претвориле во паркинг за неколкуте автобуси на транспортната фирма. Со годините се кренати и бараките на автобуската станица, која неколку години сега чека дислокација по градбата на катната гаража.

Моментот е “фатен” од објективот, веројатно од сопственикот на студиото Зрак во близина на автобуската станица, каде и денес се наоѓа оваа фотографска куќа со традиција. 

Loading