ИЗГРАДИЛ ЦРКВА, ОТИ ВОСКРЕСНАЛ КАКО ИСУС

ВО ПОРЕЧИЕТО, ОСВЕТЕН ПРВ ХРАМ ПОСВЕТЕН НА СИНОТ БОЖЈИ

Ктиторот Мире Синадиноски, бизнисмен од Прилеп, на Велигден преживеал тежок инфаркт од кој се освестил по три дена и ветил дека на Синот божји ќе му подигне храм. Манастирот Христово Воскресение е прв во Македонија посветен на Исус Христос. Тоа е ветување пред Бога и желба на запуштеното ридче крај патот Македонски Брод – Самоков да никне прекрасен манастир во Поречието.

– На Велигден имав тежок инфаркт, од кој според докторите ретко кој преживува. На третиот ден се освестив, како што Исус Христос воскреснал и си ветив дека ако останам меѓу живите и ако бидам способен маж ќе подигнам манастир што ќе го посветам на Синот Божји, со чија помош и со големо залагање на докторите уште сум жив – вели Синадиноски.

Тој не правел есап колку вложил во комплексот, ама не се помалку од 150 илјади евра за манастирската црква, за конаците и за уредувањето на околината. Верува дека со Божја помош ќе се дотерува манастирот.

Проектот е дело на познатиот архитект Тодор Паскали, авторот на Плаошник, а фрескоживописот го изработувало семејството Милески.

Манастирската црква Христово Воскресение на 35 километри од Македонски Брод е градена во староримски стил.

Loading