ГИМНАЗИЈАТА РЕЧИСИ “БРОНЗЕНА”

            Според ранг листата на средни училишта, подготвена од Министерството за образование, гимназијата “Мирче Ацев” е на четвртото место во екстерниот дел од државната матура. Со просечна оценка од 3,89 за малку е поназад од скопските – гимназија “Раде Јовчески – Корчагин” и “Орце Николов” и битолската “Јосип Броз Тито”. Ги делат само фрагменти од оценка. Тоа е потврда дека гимназијата континуирано го враќа стариот сјај на бренд во македонското образование.

            Од четирите предмети – мајчин јазик, математика, германски и англиски јазик, гимназијалците покажале најдобар успех по математика со просечна оцена 4,05. 

Loading