ДРУЖБА НА ПОЕТИ, СЛИКАРИ, МУЗИЧАРИ НА ПОЕТСКОТО МАРКУКУЛЕ

Шестипат на Тронот кај Слонот вечерва од 19 часот ќе се одржи манифестацијата Поетско Маркукуле, на кое според организаторот Библиотеката “Борка Талески” очекува учество на триесетина поети од  Прилеп, Македонија и странство. Ним ќе им се придружат сликарите од ДЛУП и музичарите.

Поетите ќе говорат стихови, сликарите ќе творат, музичарите ќе пеат. Ќе настапат групата “Пела” и хорот “Свето Благовештение”.

Поетското Маркукуле станува мултимедијална манифестација.

– Манифестацијата се надополнува со нови содржини и стана традиција. Расте интересот за учество на вљубениците во поезијата – вели Петар Петрески, директор на Библиотеката.

На манифестацијата ќе се промовира зборникот песни од Поетско Маркукуле 2011.

Loading