ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ
за паднатите кај Карпалак
Да не се заборави!
рекоа сите ” Тие ја бранеа Македонија “
Да не се заборави!
Беа синови,сопрузи,татковци полни со љубов кон своите најближни,
а не помалку кон Македонија.
Да не се заборави!
Дека нивните тела огнот ги голтна,ги спржи со асфалтот ги соедини
а на нивните најблиски празнина и очај им остави.
Да не се заборави!
дека некој по чедата наши посегна…
а сега бара дел од земјата во која се стопија нивните тела,
им изгоре крвта заедно насмевките, желбите…
Плаче гората што неуспеа заштита да им даде
во прегратка да ги земе
од смртта да ги оттргне.
Да не се заборави!
велеа тогаш…велат и сега…
Но нивните најблиски скршени од болка сеуште велат
Зошто? Зошто?
Да не се повтори;
Да не се заборави;
велат во целиот свет;
за секој колеж, за секоја насилно земена душа…
А еве пак злото наречено војна царува секаде.
Кој ли уште, по душата на обичниот човек посегнува,
насмевката на детското лице ја зема,
а пак човек се нарекува.
Да не се заборави!
рекоа и во топлите огништа се повлекоа,
од нивните очи солза не протече,
постелите празни не им останаа,
но ветувања дадоа и се повлекоа.
Да не се заборави!
пишувам јас, нем,немоќен посматрач на сето ова зло
наречено војна,
а Зошто?…Зошто се прашувам и јас.
Да не се заборави!
рекоа сите…
Божана Тренческа