Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, кој е храм на манастирот Трескавец, група ентузијасти планинари кои редовно го посетуваат ова свето место, на месноста наречена Црквиште, поставија мало црквиче како патоказ до манастирот. Легендата вели дека Манастирот требало да се гради на ова место, но некои повисоки сили материјалот за градбата и алатите ги носеле на местото каде што сега е манастирот.
Материјалот за црквичето беше подарок од синдикатот на Мермерскиот Комбинат, а во доброволната работа учествуваа петнаесетината планинари – Драшко, Ицко, Блаже, Васил, Мице, Гиче, Слободан, Менде, Богдан, Јохан, Блаже, Клапче, ѕидарот Павле Пајо и др.