СВИРАТ ЏЕЗ ПАЛИСЛАМА ОД АВСТРАЛИЈА СО МАНАКО И ЛЕЈДИО

Со бели коси по 40 години,

Љубовта кон музиката по 40 години не спласнува, туку ги собра на подготовка фанатичните музичари, бас гитаристот Марјан Спиркоски – Манако, клавијатуристот Илија Талески – Палислама од австралија и тапанарот Владо Талески – Лејдио. На триото седи коси и скоро ќелави глави му беа потребни два месеца, да влезе во такт, откако од австралија е дојден палислама. не подготвуваа популарна музика како некогаш за игранки по маалските домови или офицерски. Тренираат уметност. Им лежи џезот, и со наочари и на високи температури, по куси пантолони, се со инструментите  в раце. малку им помага компјутерот, оти сакаат да блеснат на културното лето. Се стремат да “кажат” дека не бледнеат, дека уште течи врела музичка крв во нивните вени, дека по четири децении уште се умешни со прстите.

Сите се радуваат за претстојната аматерска џез свирка.

– Тешко  одеше на почетокот, но го фативме ритамот. музички одржаниот палислама е виртуоз на клавијатурите, како некогаш. свири и во австралија. со него успеваме да се вратиме блиску до младоста, но со нов стил. Доаѓа на “помош” и една надарена млада солистка со име Александра од Метларовци, која располага со боженствен глас за џез или свинг. Малку е на одмор, но ќе се врати за настап, додека австралијанецот не летне преку океанот – вели Спиркоски.

Триото од старите добри времиња, влезено во седмата деценија, не се предава, туку упорно, “крши” прсти со гитарата, синтисајзерот и тапаните,  само да се дружи со музиката, со својата, страст.

Loading