ШЕСТМИНА НОВИ

11 Октомври

Во екипата на 11 Октомври многумина искусни заминаа, исто толку млади дојдоа на проба. Стручниот штаб на чело со Тони Наумоски е задоволен од играта на сите. Се работи за Багашовски и Петров од Струмица, Миленкоски од Брод, домашните Бојан Наумоски, Момироски и Колески.

– Младите се покажуваат. Ако има услови, сигурно ќе сметаме на нив – најавува Наумоски.

На последниот тест совладано е Братство Житоше, со 2-0, со головите на Димитриоски и Кире Талески. Вчера беше осмиот тест кај Новаци,  а утре деветтиот кај Миравци. Се воочуваат добри и лоши страни.

– Проблемот со пад на играта во завршницата се надминува. Укажувам на грешките кога се прави чекор повеќе во нападот и не се даваат голови од убави шанси – вели Наумоски.

Loading