РИСТЕСКА ТРЧА СЛЕДНИОТ ПЕТОК

Олимпијада

Христина Ристеска во средата, заедно со преостанатите тројца македонски олимпијци, отпатува за Лондон, каде денеска ќе биде дел од отворањето на Олимпијадата. Таа ќе учествува на атлетската трка на 400 метри, идниот петок, на 3. август.

– Желба ми е да истрчам личен рекорд, под 57, 80 секунди.  Се подготвувме во Охрид. Ќе дадам максимум – вели Ристеска.

Не се знаат ривалките, но ќе има фаворитки. Квалификациска трка е и сите се во игра. Скоро ќе е ждрепката за групите. Не е неважен составот, но најбитно е да се истрча според можностите.

– Сум во позитивна трема. Сакам да трчам со најбрзите, не бегам од никоја. Сакам да сум на патека крај Американката Сања Ричардс – истакнува Ристеска.

Ристеска е од скопскиот клуб Работнички, а потекнува од Трети ноември, каде тренер беше Ѓорѓи Гешоски.

Loading