ПРВИ И ВТОРИ РИБАРИ СЕ “МАМЕЦ”

Тројцата членови на спортското риболовното друштво Мамец, Блаже и Рубин Николоски и Иван Илиоски им одржаа лекција на колегите од шест друштва на последниот натпревар во лов на риби со пливка во македонската лига во Маврово. Тројцата имаа свој ден. Го освоија пехарот за првото место на последната битка со рибарите од земјава. Фатија над 18 килограми риби, ама им избега финалното прво место, туку се втори, оти “рибите не им гризеа” на претходните три натфаќувања.           

Шефот на риболовната експедиција Кире Николоски вели дека потфрлањата во првите мечеви не се надоместило со последниот триумф. И второто место не е за потценување, зашто ривали им биле искусни колеги “со езера и реки под носот, а на кои прачките им се перница”.

Loading