ПОБЕДНИК ВО ЗЕМЈАТА НА “ЏАБЕ БЕНЗИН”

Звонко Станојоски прв во Тунис

Еден од најдобрите наши спортисти во историјата, шаховскиот велемајстор Звонко Станојоски, триумфираше на силниот меѓународен турнир во Келибија, Тунис. Со пет победи и четири реми, седум поени од девет партии, најдобар е меѓу 86 учесници од Србија, Бугарија, Либерија, Мароко, Франција, Алжир и Тунис. Ги надмина велемајсторите од Србија Пикула, Лазиќ, Миладиновиќ, од Бугарија Петков.

– Соседите беа најголеми конкуренти. Притоа формиравме репрезентација за пријателски меч со олипмиската на Тунис. Земјата по револуцијата бара меѓународна промоција, а најефтин за тоа е шахот – вели Станојоски.

Станојоски убаво помина на турнирот, каде во далечното минато победувал легендарниот Американец Боби Фишер. Некаде 1967 година под изговор дека нема добро светло, заминал на аеродром, но го вратиле пет минути пред паѓање на знаменцето и – победил. Има и најнови анегдоти за земјата на “џабе бензин”.

– Литар се продава за 0,4 евра, а кај соседните земји и по 0,2 евра. Со такси да вртиш цел град е еден туниски динар, колку половина евро. Во септември пак одам во Тунис – најавува Станојоски.

Loading