НА ЕЗЕРО ИЛИ ПЛАНИНА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА

На седумдневен бесплатен  летен одмор, како дел од последниот пакет економско-социјални мерки на Владата, замина нова група од 13 деца кои потекнуваат од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Ќе се рекреираат во детското одморалиште во Струга. Ова е петта група деца. До крајот на летото ќе заминат уште 30 деца, со што на Пелистер или на езеро ќе се одмораат вкупно 90 деца. Како вистински “татко на градот”, градоначалникот Марјан Ристески им подари пакетчиња со “слатко-благо”, посакувајќи им пријатен престој.

Децата кои нема да бидат вклучени во летната програма, в зимо ќе уживаат во снежните радости.

            Вкупно во Македонија бесплатно ќе одмораат околу 3 000 деца од петто до осмо одделение од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, за што Министерството за труд и социјална политика ќе потроши 15 милиони денари.

Целта на проектот е социјално интегрирање за време на летниот и зимскиот распуст на децата од социјално загрозените семејствата. 

Loading