КРИЈАТ ЗАСИЛУВАЊА

Корзо

Новиот второлигаш, Корзо, почна серија контролни средби со победа 4-2 над младинците на 11 Октомври, со головите на Никовиќ, Тодоровски, Иваноски и Стојкоски. Настапија речиси две постави. Се појавија нови лица, но од клубот не информираат за засилувања. Додека не поминат повеќе тестови, имињата се тајност.

– Досега се седум – осум. Има од Велес, Охрид, Демир Хисар… Се дотерува списокот и рано е за конечната верзија – вели Александар Попов, секретарот.

Заминат е само Бојан Наумоски во 11 Октомври. Други промени нема ни во управа, ниту на клупата. Претседател е Панде Трајчески, тренер Горан Тодоровски. Гарнитурата која го вивна клубот од петта до втора лига, најавува уште пријатни изненадувања.

– Попусто не се подготвуваме. Има што да кажеме и во овој ранг – порачува Попов.

Loading