“Цело лето – културно лето”
Концерт на флејта и гитара ќе се одржи вечерва од 21 часот во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”. Со дела од Барток, Пиацоли, Томас и Тадиќ, ќе настапат Силвана Чулева – Атанасова на флејта и Тања Јанкова на гитара.
Концертот е со поддршка на Министерството за култура, во манифестацијата “Цело лето – културно лето”, што Центарот го реализира во соработка со општина Прилеп.
В понеделник, во Центарот, од 20 часот ќе пее младиот надежен тенор Стефан Неданоски, кој во пијано придружба на Горјана Стојановска ќе исполни арии од Скарлати, Кавали, Росини, Доницети, Џордани.
На 3 август ќе се отвори изложба на слики од уметникот Александар Филев од Струмица.