Гимнастика
Најдобриот македонски гимнастичар, Дино Бошњак, е поканет на подготовки во Костолац, Србија. Организиран е камп за најдобрите млади гимнастичари од Балканот. Тренинзите се цел месец август.
– Кампот е од голема полза. Со подготовките Бошњак влегува во форма за сите важни турнири наесен на овие простори, како претстојните во Чаковец во Хрватска, Нови Сад во Србија – вели Златко Ангелески, тренерот.
Бошнак зачести со настапите на силните меѓународни турнири. Пред еден месец беше на седмо место од 36 конкуренти, во Марибор, Словенија.