ШПАНЦИ И ДАНЦИ ЌЕ РАЗЛЕВААТ ЕТНО МУЗИКА

“Цело лето- културно лето” на ЦК “Марко Цепенков”

Шпанска и данска група ќе пеат етно музика со современи аранжмани на плоштадот Александрија утревечер од 21.30 часот на манифестацијата “Цело лето – културно лето”, организирана од ЦК “Марко Цепенков” во соработка со локалната самоуправа.

Шпанската група Офир е култен авант џез рок бенд во Европа. Половината од музиката има ромски звук, “со едната нога” и фламенго. Текстовите и мелодиите им се наследство, но аранжманите и ритамот се современи.

 

 

 

Данската “Кајнс Кабала” е група, формирана во 2009 година од пејачката и текстописец Марија Куне. Таа ја проучувала сложеноста на македонското народно пеење со чудни ритми и ориентални звуци, по што одлучила да направи бенд, кој ќе претставува сосем различни етнички музички култури. Сакала да создаде нов бренд и стил на музика кој ќе биде близок до Данците.

Групата доаѓа во рамките на соработката на ЦК “Марко Цепенков” и Центарот за културна деконтаминација од Битола.

Loading