11 Октомври
Довчерашниот прволигаш, 11 Октомври “нанижа” шест контролни средби. Прво ги совлада младите со 4-1, после падна Новаци со 2-1, Тополчани 6-1, а поразите се од Гостивар 0-2 и Пелистер 0-3, додека завчера (3 – 3) дома со Тиквеш. Стручниот штаб е задоволен. Одлично играме особено во првото полувреме. Само што паѓаме по измените во вториот дел. На тоа се должат поразите. Одиме оптимистички напред – вели Тони Наумоски, тренерот.
Продолжува подмладувањето. Во последната “тура” замина стоперот Стевче Иваноски. Веќе една недела не доаѓа на тренинзи. Од повозрасните останаа само голманот, 24-годишниот Дејан Кебакоски и бранителот, 34-годишниот капитен, Дејан Кулески. Секоја чест, оти не го оставаат клубот во најтешкото.
– Безмалку, младинска екипа е со играчи од 17 до 19 години. Има потенцијал во овие деца. Нема да разочараме на претстојното првенство – истакнува Наумоски.
Засега во тимот се првотимците: Кебакоски, Д. Талески, Кулески, К. Талески, Ф. Николоски, Момироски, Г. Здравески, Ј. Наумоски, С. Здравески, Дунимаглоски, Наумчески, Л. Николоски, Радески, Миленкоски, Димоски, Илиески, М. Крстески, се чекаат новодојдени Дарко Петров од Беласица и Никола Миленкоски од Пролетер Брод, како и отстапени од Пелистер.