
Убавината од бои распределени низ пердувестата “лепеза” кај пауните може да ги создаде само мајката природа. Нема поубав колорит, некој би рекол мозаик од перје, отколку кога ќе се отвори опашката од паунот. Пауните се познати по својата екстравагантна опашка која ја отвораат како дел од додворувањето. Перјето им е светкаво и се прелева од синозелено до зелено. Опашката всушност е издолжено перје на задникот, кое личи како милионски очи кои најдобро се гледаат кога пердувите се отворени. Женките исто така може да го рашират перјето кога сакаат да укажат на опасност за младите или да се заканат на други женки – сопернички.
Овој паун или пауница живее во убавата манастирска тишина во комплексот Свети Илија во селото Дрен. Од време навреме оваа птица ја вознемирува по некој посетител, а еднонеделно друштво í правеа сликарите кои беа бескрајно импресионирани за творештво под ведро небо.
![]()

