ПРОЗИВКАТА НА 25 ЈУЛИ

Жито Прилеп

Новиот тренер, битолчанецот Борче Марковски закажа прва прозивка на Жито Прилеп за 25 јули во салата “Сонце”. Собирот е пролонгиран, поради подоцнежниот старт на првенството. Симпатизерите се интересираат да се види кои засилувања ќе бидат доведени. Досега пристапија две повратнички: Мери Адамческа и Тања Шалевска. Првата беше во неколку клуба во земјава и во странство, играше за скопски Вардар, а втората се враќа од Норвешка. Ја засилуваат бековската линија, каде недостигаше искуството. Има заминати од клубот – тема неомилена. Последна напушти Романката Михаела Јаломитеану во првакот Металург. Претходно разделбата беше со бековите Марија Штериова, Јованка Цветановска и крилото, Црногорката Биљана Павичевиќ.

Loading