Околу 300 почитувачи на историските настани и на луѓето загинати за слободата на Македонија, оддадоа почит со поклон на споменикот на паднатите комити пред повеќе од сто години во месноста Ножот кај селото Никодин. На претставниците на ветераните на ВМРО – ДПМНЕ, на боречката организација, на планинарите и на граѓаните од Прилеп, Росоман, Кочани, Велес, Скопје, Кривогаштани и Кавадарци не им тежеа годините и, на пеколна горештина, се искачија пеш до споменикот да положат цвеќе на хероите, кои легнале на последната бомба, живи да не се предадат на многубројните и до заби наоружани турски војници по нерамната битка. Со цвеќиња го закитија и споменикот, каде е загинат народниот херој од Кавадарци, Блажо Тодороски – Чичето.