МНОГУМИНА НА КРСТОПАТ

Каде се поранешните првотимци?

Многу наши познати фудбалски имиња уште немаат одбрано клуб. Голгетерот Благоја Гешоски го напушти 11 Октомври и забележан е како сам тренира на Спортски центар. Се шпекулира дека е блиску до Победа јуниор. Новче Ацески, цело лето, се подготвува. Беше капарен во прволигашот Тетекс, но заминал на проба во Унгарија.

Се чека одлуката на Тони Мегленски, исто на Стевче Иваноски. Напаѓачот Игор Мирчески тренира со Победа јуниор, но нема пристапено. Амбициозен клуб, со прволигашки амбиции одбра десниот бек Даниел Талески, нов член на Гостивар.

Не се знае каде се Србите Јовановиќ и Обрадовиќ. Битолчаните пак сите заминаа во Пелистер. Дури осуммина се вратија таму: Пеце Коруновски, Никола и Благојче Марковски, Благојче Рутевски, Драган Димитровски, Александар Велјановски, Милан Ивановиќ и Зоран Шалевски.

Loading