КОНТАКТИ СО ФИРМИ

Ракомет

Обновениот машки клуб РК Прилеп, нема активности овој период. Стручниот штаб, Орде Илиески, Страшо Илиески и Ице Соколоски, како и 30 играчи се на одмор, кој веројатно ќе трае повеќе од два месеца. По воведни, двомесечни тренинзи во арената “Сонце”, кои послужија за собирање на ракометарите, претстои сериозната работа допрва. Во средината на август е планиран стартот на подготовките.

Мобилна е управата. Претседателот Александар Мариновски, секретарот Рубин Седлоски, правникот Бобан Петрески контактираат со потенцијални спонзори. Апелираат за приклучок на бизнис секоторот. Совреме се обезбедува буџет за цела година. Помогна Општината, на потег се претпријатијата.

Јавноста очекува искусни имиња на првотимци кои ќе се стават на располагање. Досега на списокот главно беа младинци. Првата лига треба да започне кон крајот на септември.

Loading