ИВАНОВ КУМ НА КОВИЛОСКИ

Претседателот Ѓорге Иванов со свеќи в раце и ороводец, заедно со сопругата Маја, беше кум на свадбата и на венчавката на прилепчанецот Златко Ковилоски, кој живее во Луксембург со неговата избраничка Габриела. Златко го поканил претседателот да му биде нунко на женидбата при посетувањето на школата за млади лидери, организирана од Иванов. По православната церемонија и предавањето на прстените низ конфети, бонбони и ориз во црквата Свети Кирил и Методиј, кумовите и сватовите го прославиле запливувањето во брачните води на младите сопружници во ресторанот Романса. Иванов бил на висина на нунковата “задача”. Адетите и чалгаџиите му го испразниле ќесето со пајдушкото и чочеците. 

Loading