ДОБАР ПОЧЕТОК

Шах

Во Струга се одржува 21. Државен екипен шампионат на Македонија во шах. Одиграни се три кола, а ШК Прилеп е солиден на почетокот. Иако со скриен оптимизам, екипата, Ристе Менкиноски, Душко Стефановски, Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Ѓорѓи Котески, Јосип Димитровски, Кире Николоски и Марјан Дамчески, е “тврд орев”. Во 1. коло победено е Кочани со 4-2. Во 2. коло сите ремизираа. Нерешено 3-3 со Куманово. Во 3. коло беа слободни, а следните три ривали се најтешки, БМ Кисела Вода, Алкалоид и Гамбит. Во 7. коло е мечот со Карпош.

На првенството има прилепчани во екипи од Скопје. Велемајсторот Звонко Станојоски настапува години за Алкалоид, фиде мајсторот Славе Трајкоски за БМ Кисела вода, а мајсторскиот кандидат Роберт Велески е засилување за Карпош.

Loading