БЕСПЛАТНО ЗА СИТЕ ЛИГИ

Котизацијата главна летна тема

Алтернативниот предлог, наместо плаќање котизација од по 12 илјади евра за Првата, односно осум илјади за Втората лига, е проширен. Предлагачот Марјан Стојкоски – Манта во предвид ги зема и останатите клубови, кои се во незавидна финансиска ситуација, како и младинските школи. На овој начин се бара спас за популарниот спорт.

– Без котизација да учествуваат екипите во првата, втората и третите лиги. Истото да важи и за младинските лиги – вели Стојкоски.

Истомисленици со поддршка се јавија и од ФК Тиквеш. А има и други. Клубовите да ги користат парите за други намени. Најважно е да се обезбедат услови за тренинзи и подготовки или да земат засилувања.

– Има алтернатива за покривање на трошоците за службените лица. Добро е да се најде спонзор – истакнува Манта.

Предлогот е во пресрет на вонредното собрание на ФФМ на 29 јули во Охрид, каде ќе се избира претседател, а како кандидати фигурираат Илчо Ѓорѓиоски, Никола Костов, Масар Омерагиќ, Илија Јовков и Емил Божиновски.

Loading