ВОЈСКА ПАК КАСАРНА

Армијата на Република Македонија се очекува летово да се врати во касарнат по 6-7 години отсуство. Со реорганизацијата на АРМ, Министерството за одбрана планира враќање на околу 500 војници

Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека враќање на војниците ќе биде постепено, со соодветна динамика на адаптација на објектите.

Локалната самоуправа и други институции ќе помогнат во транспортот и вселувањето на војската во касарната. Враќањето на армијата има безбедносен и економски аспект – рече Ристески.

Таткото на градот најави тендер за изградба на 350-400 станови во 4 згради со по 12 ката и приземје на еден хектар во дел од касарната.

Од Министерството за одбрана, градот го доби и Домот на АРМ, кој се реконструира и се надгради репрезентативната градска куќа со општински и државни средства.

Loading