ПРЕГОВОРИ ЗА НИКОЛОСКИ

Бокс

Во Грција се случи средба на Дарко Чатлески, претседателот од Пробокс Македонија, со Ненад Боровчанин, европскиот шампион во ВБО верзија. Се договарал атрактивен професионален меч на Александар Николоски.

– Има реални изгледи Николоски да влезе во тимот од Балкан боксинг промоушн. Кон крајот на август е предвиден спектакл – информира Чатлески.

Александар Николоски има два профи меча во кариерата. Прво загуби во Босна, а лани победи на поени дома со Унгарецот Шимон.

Loading