ПИВО НА ВЕЛОСИПЕД

Атракција за пивскиот фестивал е подвижниот шанк – велосипед, по урнекот на баварските пивопијци. Десет седишта, на кои се врти на педали како на велосипед и се пие пиво од шанкот е посебно возбудување за мераклиите за пиво, кои сакаат едновреме да уживаат и на пивската пена и во разгледување на градот.

{vsig}OKO/214/fest{/vsig} 

За комплетирање на задоволствата на гостите на Пивофестот, градските власти го ставија на услуга и туристичкиот воз со два вагона. Таму нема да се служи пиво, туку ќе биде пријатно и ефтино средство за утрински превоз од штандовите до бесплатниот камп за гостите на паркот на револуцијата. Денски возот ќе прави обиколка низ културните знаменитости на градот, а ветерот е можно да е и терапија против повеќе пивски малигани.

И пајтон имаат на располагање гостите за славата на пивото. Меѓу две кригли, мераклиите на пивото ќе го пробаат старовремскиот начин на превоз и ќе ги откриваат “сокриените” убавини на градот.

Loading